СДСМ: Арсовска со лаги ја покрива својата неспособност, проектот за Универзална сала е стручен и целосно безбеден

Од:

„Данела Арсовска мисли дека со лаги може да се покрие нејзината неспособност и неработење. Откако го стопираше проектот за изградба на Универзална сала, по двомесечен молк за причините поради кои го стопирала проектот, Арсовска вчера ги излажа граѓаните“, соопшти СДСМ.

„Не е точно дека проектот за изградба на Универзална сала е небезбеден. Проектот е професионално сработен и одобрен од стручни лица и целосно е безбеден.

Овој проект е пратен на мислење на Градежен факултет од каде е одобрен. Одобрен е и од Институтот за сеизмолошки истражувања со што се потврдува неговата безбедност и стабилност за градба. Надзорот за изградба ги има одобрено сите градежни зафати.

Сите постапки и процедури за изградба на Универзална сала се запазени во целост.

Крајно време е Арсовска да престане да лаже и да се поигрува со трпението на скопјани и да почне да го работи она за што е избрана“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот