Романија подготвена да прими 500.000 украински бегалци

Од:

Романија би можела да прими 500.000 бегалци од соседна Украина доколку се влоши кризата со Русија, изјави денеска романскиот министер за одбрана Василе Данчу.

– Проценките се во тек. Можеме да примиме повеќе од 500.000 бегалци, тоа е бројка за која сме подготвени, рече Данчу.

Според него, властите планираат да отворат прифатни центри, особено во големите градови долж заедничката граница, долга околу 650 километри.

– Засега тоа е чисто хипотетичка ситуација, прецизираше романскиот министер, при што евентуални бегалци би можеле да изберат да заминат во Полска.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина