Министрите за надворешни работи на ЕУ ги договорија новите санкции за Русија поради украинската криза

Од:

Европската Унија вечерва едногласно ги договори новите санкции кон Русија по вчерашната одлука на официјална Москва да ја признае независноста на двата сепаратистички региона во источна Украина, Доњецк и Луганск, јави шефот на француската дипломатијам Жан-Ив Ле Дриан, пренесе ДПА.

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, во моментов одржува прес-конференција за санкциите против Русија.

-Го поздравувам договорот на членките на ЕУ за новите санкции против Русија, која создаде криза и е одговорна за ескалацијата. Наскоро ќе го финализираме пакетот санкции во соработка со партнерите, изјави шефицата на ЕК.

Претходно, шефот на европската дипломатија Жосеп Борел најави дека санкциите против Русија ќе бидат тешки и „силно ќе ја здоболат Русија“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руската одбрана уништи украински беспилотни летала над Русија

„Њујорк тајмс“: Бројот на Севернокорејци во Курск е преполовен

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Медведев: Опасно е Зеленски да биде реизбран, кловнот од Киев стана едноставно нелегитимен