Бугарските министри Јанев и Нинова ја демантираа информацијата на Тасс за бугарско оружје во Украина

Од:

Бугарските министри за економија и одбрана, Корнелија Нинова и Стефан Јанев, денеска ја демантираа информацијата на руската агенција Тасс дека украинската армија употребила бугарски фрлачи на гранати кон таканаречената Доњецка Народна Република во Донбас.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Нинова не е издадена ниту една дозвола за извоз на оружје, стоки и стоки за двојна употреба во Украина. Таа коментираше дека во минатото не биле пронајдени документи за извоз на оружје од Бугарија во Украина.

Министерот за одбрана, пак, изјави дека Бугарија е производител на фрлачи на гранати, но земјата ги почитува сите правила за контрола на извозот.

Јанев додаде дека бугарските специјални служби можат да ги разјаснат околностите околу оваа тема, но појасни дека тоа е процес што бара многу време. Меѓутоа, нагласи тој, бугарскиот интерес е да проработи бугарската одбранбена индустрија, бугарската држава да ги почитува правилата за контрола на извозот, што сега и го прави.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите со дронови го нападнаа Киев, вкупно 11 лица се повредени, вклучувајќи две деца

Путин: Помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно, само е прашање на време

Зеленски: Прекин на огнот во војната со Русија е можен во секој момент

„Њујорк тајмс“: Украина ќе добие ракетен систем „Патриот“

Зеленски: Русија бара молк на 9 мај, но ја напаѓа Украина секој ден

Украински дрон собори два руски борбени авиони Су-30

Горан Наумовски