Уапсено уште едно лице за планирање џихадистички напад во Париз, кон крајот на 2021 година

Од:

Уште едно, трето, лице е обвинето и притворено во Париз во предметот околу планирањето напад со нож „инспириран од џихадисти“, што беше спречен на крајот на 2021 година, јави дописникот на МИА.

Како што објавија француските медиуми, две лица, тогаш на возраст од 23 гоидни, на 3 декември беа обвинети за „злосторничко терористичко здружување“ и беа затворени под сомнение за сериозен план за напад со нож „со џихадистичка инспирираност“. Минатата недела во овој случај е приведено и трето лице, кое биоло изведено пред судија, а е обвинето и за „злосторничко терористичко здружување“, наведуваат судски извори.

Извор близок до случајот изјави за француските медиуми дека ова трето лице е осомничено дека ги споило првите две осомничени лица, откако со едното од нив се сретнало во џамија, а со второто водело дискусии на социјалните мрежи.

Лицето веќе било затворено по пресудата за дела „оправдување на тероризам“ и било донесено од затвор на сослушување.

-Тој негираше дека знаел за плановите на другите двајца, но неговото ниво на радикализам е докажано, посочија овие извори. Еден од овие извори го претстави како можен „подводник во џихадот“.

Првите двајца беа уапсени во Мо (Сена и Марн) и Пек (Ивелин) на 29 ноември од страна на Генералниот директорат за внатрешна безбедност (ДГСИ) по информациите за неизбежен напад.

-По неколку дискусии за начинот на работа, првите двајца испитаници одлучиле да извршат напад со нож на улица врз цивили и да умрат како маченици со тоа што ќе бидат убиени од полицијата, изјави извор близок до истрагата. Станувало збор за планиран напад врз минувачи „околу Божик во трговски центри, универзитети или на улица“, наведува судскиот извор.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили