Обвинителството почна истрага за тешката сообраќајка во која загина 30-годишен охриѓанец

Од:

Триесетгодишен охриѓанец го загуби животот во автомобил кај Подмолје, кога во него удрило друго возило кое го управувало лице во алкохолизирана состојба .

Несреќата, како што информираат од МВР, се случила синоќа околу половина час по полноќ помеѓу „ауди“ управувано од 24-годишно лице од селото Белчишта, Општина Дебрца и „фолксваген поло“, управувано од 30-годишно лице од Охрид.

„На местото на несреќата починало 30 годишниното лице, а екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт додека, возачот на возилото „ауди“ се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“. Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција“, информира портпаролот на СВР Охрид.

Основното јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишникот кој го управувал аудито. Од Обвинителството информираат дека осомничениот не се придржувал на условите на патот, не ги почитувал сообраќајните прописи и во видно алкохолизирана состојба, преминал во лентата од коловозот наменета за движење на возила од спротивен правец.

Веднаш по увидот, јавниот обвинител издаде насоки и наредби за прибирање на траги од местото на настанот, за утврдување на количество на алкохол во крвта на осомничениот, за сообраќајно – техничко вештачење, како и за обдукција на телото на починатиот.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски