По неколкудневните големи горештини што ја зафатија Хрватска, полуостровот Истра и главниот град Загреб ноќеска ги погоди големо невреме, по што температурите денеска драстично се намалија за девет степени Целзиусови, јавија локалните медиуми.
Силниот ветер корнеше дрвја и знаци по патштата, носеше покриви и предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија и застој во сообраќајот, што доведе до вистински хаос.
Една жена е повредена откако врз глава и паднала антена од околните згради. Пожарникарите добиле 150 повици за паднати дрвја.
Неколку часа претходно, како што јави Хина, Хрватска го преживеа веројатно најжешкиот ден во годината досега.
– Поради жештините, загрепската Брза помош имаше за 20 проценти повеќе интервенции, главно повици за колабирани лица и поради проблеми на хронично болните, изјави директорот на Брзата помош, Зринка Јурак.
Според државната метеоролошка служба, температурата вчера во Загреб во 15 часот, изнесувала 38 степени Целзиусови. Истата температура е измерена и во Славонски Брод, Сисак, Осиек, Нова Градишка, Крапина и Жупања.