Борел: Ситуацијата во Босна и Херцеговина е критична

Од:

Босна и Херцеговина и Украина ќе бидат најгорливите теми на денешниот министерски совет за надворешни работи на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Шефот на ЕУ дипломатијата, Јосеп Борел, пред почетокот на состанокот порача дека Босна и Херцеговина ќе биде една од најважните теми за министрите за надворешни работи на ЕУ денеска.

-Босна и Херцеговина ќе одземе голем дел од состанокот затоа што националистичката и сепаратистичката реторика расте и го загрозува интегритетот на земјата, министрите треба да донесат одлука како да спречат да се распадне земјата, ситуацијата е критична, изјави Борел утрово за новинарите.

Министрите очекувано ќе зборуваат и за конфликтот помеѓу Русија и Украина.

Лидерите на САД и Русија го прифатија предлогот на францускиот претседател, Емануел Макрон за средба, и Европската Унија и натаму вели дека вложува во дипломатско решение на оваа криза.

Јосеп Борел потврди дека санкциите против Русија се подготвени и можат да бидат активирани доколку биде потребно. За тоа би се свикал вонреден министерски состанок, рече тој.

-По мој предлог санкциите ќе бидат подготвените кога ќе дојде моментот, но работиме тој момент да не дојде, изјави шефот на ЕУ дипломатијата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Уапсен министерот за безбедност на Босна и Херцеговина

ВИДЕО: Драматично во Босна, градови и села со денови се отсечени поради снегот

(ВИДЕО) Снегот го блокира Балканот: 10 часа семејства со деца биле заглавени во Босна

Катерина Ѓуровски

Борел во Бејрут повика на итен прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

А1он

Прва земја од регионот – потписник на Партнерство за безбедност и одбрана со Европската Унија

А1он

Борел: Темпото на проширување и напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина мора да оди рака под рака