Лондон: Се зголемува водостојот на реките, властите предупредуваат на можност од давење

Од:

Постои значителен ризик од давење на луѓе во Лондон бидејќи се зголемува опасноста од големи поплави во градот поради климатските промени, предупреди работната група на градскиот совет.

Според извештајот на работната група, опасноста е особено сериозна бидејќи нема генерален план или надлежност за решавање на се поголемата опасност од поплави во градот, пишува Гардијан.

Работната група претходно го презентираше својот извештај пред Советот на Лондон, меѓупартиска група која претставува 32 општини во главниот град на Британија.

Најлошите последици од поплави се забележани во северниот и источниот дел од градот, додавајќи дека не е јасно „дали жителите од ризичните подрачја го разбираат нивото на ризик со кое моментно се соочуваат и како да реагираат“.

– Сега постои реална опасност од давење на луѓе, особено во подрумските станови доколку се случи голема поплава среде ноќ, изјави Боб Ворд, потпретседател на организацијата Лондонско партнерство за климатски промени.

Организациите за заштита на животната средина реагираа на извештајот на британската Влада, барајќи од министрите да преземат итни мерки за заштита на земјата од ефектите на климатските промени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца