Израел од 1 март ќе ги отвори границите за сите странски туристи

Од:

Од 1 март Израел ќе дозволи влез за сите странски туристи, без разлика дали се вакцинирани против коронавирусот, соопштија денеска од кабинетот на премиерот Нафтали Бенет.

Според соопштението, за влез во Израел сепак ќе бидат потребни два негативни ПЦР теста, едниот направен пред влез во земјата, а другиот по влезот во Израел.

Во моментов, само вакцинирани странски државјани смеат да влезат во Израел.

– Забележуваме постојано намалување на бројот на заболени од Ковид-19, затоа веќе е време постепено да се отвораат границите кои први во светот ги затворивме, истакна израелскиот премиер Бенет.

Израел првпат ги затвори своите граници за странци во март 2020 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел повторно нападна бегалски камп во Газа, има мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ликвидиран командант на Хезболах, главниот играч во снабдувањето со оружје

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Комеморација на жртвите на фестивалот на кој нападна Хамас

Хезболах: Нема место за Израел во регионот

Катерина Ѓуровски