Амбасадорката на Италија во Австралија, 57-годишната Франческа Тардиоли починала откако паднала од балкон во Фолиња, нејзиниот роден град, каде отишла на одмор.
Според првите податоци, амбасадорката изгубила рамнотежа и паднала преку оградата на терасата, јавува ЦДС.
Полицијата која брзо пристигнала на местото на несреќата можела само да констатира смрт.