ВИДЕО: Пронајдена дрога, лажен сертификат, лица без сертификати, четири објекти запечатени – акциска контрола на угостителски објекти во Битола

Од:

Денеска по полноќ, во периодот од 01.30 до 04.30 часот полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола во четири ноќни клубови и кабареа во Битола, извести портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

– При тоа, во два ноќни клуба е пронајдена дрога (прашкаста материја и марихуана) и ќе бидат поднесени кривични пријави по член 215 од Кривичниот законик, едно лице употребило лажен ковид сертификат и за тоа ќе следува соодветна кривична пријава, а до надлежното обвинителство ќе биде поднесен поднесок и против сопственик на објект кој упатувал закани кон полициските службеници и инспекциските служби. Исто така ќе следат соодветни поднесоци и затоа што во ноќен клуб е затекнат малолетник по 24 часот, а биле констатирани прекршоци и по законот за пушење, рече портпаролот на МВР.

– 42 лица биле пуштени во четирите угостителски објекти без да поседуваат ковид сертификат и тие се запечатени од страна на Државниот пазарен инспекторат и ќе следат соодветни поднесоци. Исто така, констатирани се и случаи на неиздавање на фискална сметка, а од страна на Државниот инспекторат за труд се констатирани 27 прекршоци за работење без договор за вработување. Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период, додаде Андреевски.

Би можело да ве интересира

МВР: Криминална група лажираше надоместоци при регистрација на возила и переше милиони преку осигурителна компанија

Горан Наумовски

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски