Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
– На територија на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 90 санкции, 42 мерки за возење под дејство на алкохол. Изречени се 12 мерки за возење без возачка дозвола, шест за возач почетник, соопшти МВР.
Оттаму велат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштува МВР.