СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ речиси цела година го блокираат предлог законот за наставници

Од:

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ речиси цела година го блокираат предлог законот за наставници и стручни соработници, а целата јавност деновиве виде дека се подготвени да применат и физичко насилство само да не се усвојат овие измени“, соопштува СДСМ.

„Блокадите, срамното однесување и одбивањето да земат учество во обезбедување на подобар стандард за сите покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ не сака наставниците да земаат повисока плата.

Зошто само ВМРО-ДПМНЕ е против зголемување и континуиран раст на платите на над 2.700 наставници и стручни соработници во основно и средно образование?

Зошто ВМРО-ДПМНЕ се против обезбедување на правна и економска сигурност на наставниот кадар и да им се овозможи вработување на неопределено време како што ги држеа во неизвесност и ги злоупотребуваа нивните гласови во времето на режимот?

Зошто ВМРО-ДПМНЕ се противат наставниците да добиваат додаток за работа и против овозможување на кариерен развој на наставниците?

И зошто им пречи наставниците што предаваат изборни предмети за првпат да можат да добијат трајно вработување?

ВМРО-ДПМНЕ повторно демонстрира дрско, срамно и безобразно однесување кое е на штета на наставниците и целиот образовен систем.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ нема да дозволи да успеат блокадите и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ.

Овие измени ќе бидат донесени, ќе има повисоки плати за 27.000 наставници, ќе има трајно вработување за 4.700 наставници во основното и средното образование“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот