Корнелија Нинова: Не очекував Румен Радев и Бојко Борисов да зборуваат на ист јазик

Од:

Лидерката на Бугарската социјалистичка партија, Корнелија Нинова, која е вицепремиер за економија, за телевизијата Нова Њуз изјави дека не очекувала бугарскиот претседател Румен Радев и лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов да зборуваат во еден глас и да ја критикуваат владата.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Нинова, нема политичка логика во оваа критика. Според неа, бугарската влада е погодена од неколку кризи. Новата влада во Софија немаше ни 10 дена толеранција да работи мирно, со оглед дека демократската практика е 100 дена.

Нинова смета дека на Кирил Петков требало да му се даде поголема толеранција и коментира дека не знае кому ќе му помогне овој напад врз бугарската Влада. Нинова потсети дека лидерите на владејачката партија „Промената продолжува“ Кирил Петков и Асен Василев биле министри на претседателот Радев и дека тој владеел со Бугарија шест месеци и ја знаел реалната состојба во Бугарија. Таа ја коментираше и идејата за нов левичарски проект во Бугарија, во кој ќе доминира претседателот Румен Радев, велејќи дека левичарските проекти завршиле фатално и ѝ нанеле штети на БСП.

Во моментов најважно е земјата да се справи со ценовниот шок. Таа изрази мислење дека владејачката коалиција во Бугарија е стабилна, а БСП во неа е социјален столб. Како лидер на бугарските социјалисти, Корнелија Нинова двапати ги поддржа Румен Радев и Илијана Јотова за претседател и потпретседател во име на БСП против кандидатите на ГЕРБ Цецка Цачева (2016) и професор Анастас Герџиков (2021).

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?