Ковачевски-Борел: С. Македонија треба да ги започне преговорите за пристап во ЕУ без натамошно одлагање

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во придружба на заменик на претседателот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска се сретна со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Како што информираат од Владата, за време на разговорот премиерот Ковачевски се заблагодарил за личната поддршка и посветеност на господинот Борел за остварување на нашата европска иднина со цврстиот став дека Северна Македонија треба да ги започне преговорите за пристап во ЕУ без натамошно одлагање.

„Ковачевски го запозна Борел за отворениот процес за градење доверба со премиерот на Република Бугарија и со Владата во Софија, кој се одвива во позитивен дух и од кој се очекува разумна европска формула која ќе го деблокира почетокот на пристапните преговори за Република Северна Македонија.

На домашен план, истакна премиерот Ковачевски, Северна Македонија го спроведува постпандемиското економско закрепнување со силен акцент на инвестиции во зелената и дигиталната трансформација и во зајакнувањето на отпорноста на општеството со инвестиции во здравството и во социјалната поддршка за граѓаните“, соопшти Владата.

„Во однос на енергетската криза, рече на средбата Ковачевски, Северна Македонија има активно учество во неколку големи регионални проекти со значајна буџетска помош од ЕУ, со што земјата станува клучна алка за сигурна дистрибуција на енергенси.

Како земја која ги прифати европските вредности и политики, нагласи премиерот Ковачевски, ЕУ може да смета на соработка со нашата земја во справувањето со заедничките предизвици.

Премиерот Ковачевски го покани потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Борел да ја посети Северна Македонија“, се наведува во соопштението на Владата.

Би можело да ве интересира

Левица: Инфлацијата јаде, владата молчи

ВМРО-ДПМНЕ: Владата води грижа за сите, зголемува плати и пензии, го помага стопанството

Горан Наумовски

По кандидатурите на Изет Меџити и Фатмир Лимани за градоначалници, Владата нема да назначува нови министри

ДУИ: Владата молчи за исклучувањето на дијаспората од пресметување на бројот на населението

Владата засега не е расположена за зголемување на минималната плата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата продолжува со инфраструктурен развој на државата