Видео конференција на Бајден и западните лидери ќе се одржи денеска

Од:

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ќе одржи видео-конференција за украинската криза со неколку западни лидери, потврдија извори блиски до Европската унија.

Покрај Бајден, на онлајн конференцијата ќе учествуваат и канадскиот премиер Џастин Трудо, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и италијанскиот премиер Марио Драги. Се очекува да присуствуваат и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, германскиот канцелар Олаф Шолц, претседателите на Франција, Полска и Романија, Емануел Макрон, Анджеј Дуда и Клаус Јоханис, како и британскиот премиер Борис Џонсон.

Неименуван функционер на Белата куќа претходно денеска изјави дека американскиот претседател денеска ќе разговара „со трансатлантските лидери за руските војници кои се распоредени на границата со Украина“ и за напорите да надвладее дипломатијата во решавањето на украинско-руската криза.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Бајден го осуди атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо

Бајден го покани Трамп на ТВ-дуел: Разубави ми го денот пријателе, слушам дека си слободен во среда

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина