Доколку претерате со сончање и поцрвените, постојат неколку трикови кои ќе ви помогнат да го ублажите непријатното чувство и болка.
Мед
На критичното место нанесте тенок слој природен мед кој ќе го смири црвенилото и ќе ја хидрира исушената кожа. Пожелно е да ја повторите постапката неколку пати во текот на денот.
Алое вера
Се што ви е потребно е свежа билка алое вера. Листот пресечете го на половина, а неговиот сок мачкајте го по кожата.
Кисело млеко
Една од можеби најупотребуваните производи за прва помош откако ќе изгорите при сончање е киселото млеко. Тоа брзо ја разладува кожата и ја храни, и не претставува голем трошок за вашиот буџет.
Вода
Пијте што повеќе вода за да кожата брзо заздрави. Корисно е и да ги намокрите пешкирите и повремено со нив да ја разладувате прегреаната кожа. Температурата на телото постепено ќе се доведува во нормала, а исушената кожа ќе се хидрира.