По пеколни температури, невреме во Чешка

Од:

По пеколните температури, кои изминатите денови во региони на Чешка достигнаа и над 40 степен, синоќа земјата ја зафати силен дожд и ветер, при што еден човек загина во надојдена вода, а неколку десетици лица се евакуирани, јави дописникот на МИА од Прага.

Невремето предизвика застој на повеќе линии на железничкиот сообраќај, поради паднати дрвја, а во источна Чешка повеќе домаќинства се поплавени и без електрична енегија.

При големото невреме во чешкиот главен град беа предизвикани проблеми во јавниот транспорт, а поради обемната вода беше ограничена и работата на две метро станици во центарот.

Силниот ветер оштети еден кран и поради опасност тој да се урне врз една зграда беа евакуирани нејзините жители.

– Цела Прага е „разлетана“. Црпиме вода и расчистуваме паднати дрвја, изјави портпаролот на пожарникарите, Давид Вратиславски.

Невремето покрај проблемите, донесе и заладување во Чешка, која изминатите денови ја зафатија екстремно високи температури, невообичаени за овој регион.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица