Протерувањето на заменик-амбасадорот на САД во Русија од Москва е без каква било причина, изјави денеска заменик-прессекретарот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер. Русија го протера американскиот заменик-амбасадор Барт Горман од земјата, соопшти американскиот Стејт департмент.
„Постапките на Русија против нашиот заменик-шеф на мисијата, кој беше клучен член на менаџерскиот тим на амбасадата, не беа со ништо испровоцирани“, изајви Жан-Пјер.
Според неа, сега е поважно од кога било САД и Русија да го имаат потребниот дипломатски персонал за да ја олеснат комуникацијата меѓу нивните влади.
Извор: МИА