На аеродромот во Тирана запленети над милион фалсификувани евра, уапсен Камерунец

Од:

На меѓународниот аеродром во Тирана спречен е обид за внес на над милион фалсификувани евра во различни апоени, при што упасен е државјанин на Камерун, јави дописничката на МИА од Тирана.

„Полицискиот комесаријат на аеродромот ‘Ринаси’, во соработка со специјалците од отсекот за истрага на економски и финансиски криминал во УЈП – Тирана, по добиена информација по оперативен пат дека странец ќе се обиде да влезе во Албанија со значителни количини фалсификувани банкноти, успешно ја финализираа акцијата насловена ‘Ластра’. Во нејзини рамки уапсен е камерунскиот државјанин Ј.Н.(53), кој поседувал дозвола за престој во една од земјите на Европската унија, се наведува во полициското соопштение.

Во соопштението се додава дека при контрола полициските службеници во багажот на овој граѓанин откриле 1 милион и 75 илјади фалсификувани евра, во различни апоени, најмногу од 500 и 200 евра, апаратче и специјална хартија за производство на банкноти од различни апоени, кои се запленети заедно со мобилен телефон.

„Од истражните дејствија постојат основи на сомнение дека овој државјанин во соработка со други државјани во нашата држава пуштале во оптег фалсификувани банкноти. Продолжува работата за откривање и приведување на соработниците, се наведува во соопштенето.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија