Германската економија за две години пандемија изгуби 330 милијарди евра

Од:

Пандемијата на Ковид-19 го чинеше германскиот бруто домашен производ 330 милијарди евра во изминатите две години, што е еквивалентно на 10 отсто од БДП во периодот пред пандемијата 2019 година, пресмета Економскиот институт Ифо.

Да не беше пандемската криза, економијата ќе пораснеше за 1,3 отсто во 2020 и во 2021 година. Изгубените 330 милијарди евра одговараат на 10 отсто од БДП во 2019 година, соопшти денеска Ифо.

Директорот на Ифо, Клеменс Фуест, ја нарече пандемијата „најлошата светска економска криза од Големата депресија во 30-те години“.

Нумеричкиот израз на Ифо за економските последици од пандемијата е нешто помал од оној на Германскиот економски институт со седиште во Келн, чија пресметка покажува загуба од 350 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски