Луѓето денес имаат поздрава старост, а исто така живеат подолго од претходно, покажуваат резултатите од едно американско истражување.
Истражувачите тврдат дека луѓето во староста се повеќе заболуваат пред самата смрт, додека порано во последните шест-седум години од животот имале лошо здравје.
– Луѓето се поздрави од порано, со исклучок на една или две години пред смртта. Претходно гледавме луѓе кои биле многу болни шест или седум години пред смртта, а тие ситуации денес се многу ретки, истакна професорот на Универзитетот Харвард, Дејвид Катлер, кој работел на истражувањето.
Истражувањето е спроведено на околу 90.000 луѓе, а со него е дојдено со значајни податоци, кои треба да помогнат во оценката за здравствената состојба на луѓето во поодминати години.