Кантарион – лек против депресија и гинеколошки проблеми

Од:

Кантарионот се покажа како исклучително успешен во лекување на многубројни психички заболувања, од депресија до трауми, а утврдено е и дека има помалку несакани дејствија од другите антидепресиви.

Кантарионот се зема во облик на тоник, чај, масло или тинктура, а во поново време може да се најде и во облик на капсули, кои влијаат на расположението и подобрување на емоционалната рамнотежа.

Во народната медицина оваа билка има посебна вредност во лекување исеченици, изгореници, хемороиди, а одлична е и за зараснување рани. Кожните промени се лекуваат така што на нив се мачка масло од кантарион, или повреденото место се обложува со чиста газа или чисто платно натопено со кантарион.

Исклучително е ефикасен и за јакнење на косата, како и за регенерација на косата оштетена со бојадисување.

Чајот од кантарион се пие три пати на ден против гастрит, чир на желудникот, дијареа, жолтица, главоболка, бубрежни и менструални тегоби.

Во народната, но и во современата медицина, кантарионот, жалфијата, камилицата и ајдучката трева се сметаат за ефикасни во лекување на одделни сексуално преносливи болести.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска