Крадел низ Скопје, го фатиле додека ја ограбувал Стоматологија

Од:

26-годишен скопјане е уапсен вчера додека крадел во една просторија на Клиниката за стоматологија. Во полициска станица признал уште неколку дела информираат од Министерството за внатрешни работи.

– А.С.(26) од Скопје бил лишен од слобода на 15.02.2022 околу 16.00 часот, затоа што бил затекнат при извршување кражба во една просторија на Клиниката за стоматологија во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, по што бил приведен во полициска станица. Во службен разговор со полициски службеници тој признал уште три дела за кои бил осомничен. На 14.02.2022 на ул.„Ѓорѓи Капчев“ одзел патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.И.(29) од Скопје. Истиот ден (14.02.2022), на ул.„Методија Шаторов Шарло“ одзел предмети од возило „фолксваген лупо“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Д.(27) од Скопје. Додека, на 15.02.2022 на бул.„Видое Смилевски Бато“ извршил тешка кражба од лицето Р.Л.(27) од Скопје, се вели во соопштението од МВР.

По целосно документирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Со ножеви и ножици ја заклал мајка си – Обвинителството објави детали за хоророт во Богданци

Катерина Ѓуровски

Двајца браќа од тетовско дале 15.000 евра на лажен посредник за странска пензија

Силуван малолетник, 13-годишно девојче злоставувано од таткото – грозоморни случаи во Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Тинејџер објавувал мотнирани експлицитни слики од малотетничка на социјални мрежи

Двајца 30-годишни скопјани пронајдени мртви во куќа во Гостиварско

Лажен лекар измамил дедо од Виница за 430 илјади денари

Катерина Ѓуровски