Поранешниот светски рекет број 1, Енди Мареј доживеа еден од најлошите порази во својата долга кариера, губејќи со 6:0/6:1 од Шпанецот Роберто Баутиста Агут во второто коло на Катар опен.
Двократниот шампион на турнирот, не покажа ниту дел од формата со која го мина првото коло вчера со победа над Таро Даниел, губејќи за нешто повеќе од еден час. 34-годишниот Баутиста-Агут му дозволи на Шкотланѓанецот само пет поени во првиот сет. Мареј, конечно, го заддржа сервисот во првиот гем од вториот сет, но потоа загуби уште пет гема за катастрофален пораз.
Ова е најлош пораз на трикратниот гренд слем шампион на АТП турнејата откако исто така освои само еден гем против Роџер Федерер на АТП финалето во Лондон во 2014 година.