Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

Од:

Оригинална фотографија од уметникот Мен Реј оди на аукција оваа пролет во Њујорк на продажба по досега рекордна цена за една фотографија, објави денеска Волстрит журнал.

Се работи за делото „Le Violon d’Ingres“ од 1924 година од американскиот фотограф, режисер и уметник кој во првата половина на минатиот век работел во Њујорк, Париз и Холивуд. Почетната цена за делото ќе биде пет милиони долари, соопштија за весникот од њујоршкото седиште на „Кристис“.

На фотографијата е претставена жена кој седи, а на чиј гол грб се нанесени симболи на виолина со што се истакнува нејзината фигура во форма на песочен часовник. Ова е највисоката цена досега за една фотографија во историјата на овој медиум.

Највисока аукциска цена досега платена за една фотографија е 4.3 милиони долари за делото на Андреас Гурски „Rhein II“, од 1999 годинашто претставува пејзаж на река а продадена во 2011 година од „Кристис“.

Весникот наведува дека пазарот со уметнички дела во САД лани се загреа. Колекционерите плаќаат рекордни суми за сѐ и сешто, од винтажни флиперски машини до најнови слики на уметникот Николас Парти.

Аукцијата во Њујорк е закажана за во мај. Настанот треба да понуди нов испит за побарувачката на делата од надреализмот, и воопшто за винтажните фотографии, наведува изданието.

Реј (1890-1976) соработувал со такви уметници како Пабло Пикасо, Салвадор Дали и бил еден од клучните учесници во уметничките правци дада и надреализам.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина

Американскиот секретар за одбрана: За 1.000 дена војна Путин не постигна ниту една стратешка цел