Две патнички возила вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

Од:

Во понеделникот, 14 февруари, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север била извршена контрола на две патнички возила кои вршеле меѓународен превоз на патници, информира МВР.

– При контрола на возилата „форд транзит“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(27) од Прилеп и „опел“, со бугарски национални ознаки, управувано од С.С.(31) од с.Романовце, кумановско, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација, соопшти МВР.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.

Би можело да ве интересира

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он