Неизвесен настапот на украинската пејачка на Евровизија

Од:

Нејзината шанса да се натпреварува на Евросонг е ставена на чекање.

28-годишната Украинка Алина Паш вели дека е подготвена да ја претставува својата земја на годинешната Евровизија во мај по победата на телевизискиот натпревар во саботата.

Но, национална телевизија на Украина UA: PBC го суспендира договорот таа да биде претставник на земјата на Евросонг, објави Би-би-си.

Властите го истражуваат нејзиното патување на Крим во 2015 година, област над која Русија ја презеде контролата во 2014 година.

Доказот дека Алина ги известила властите за тоа како влегла во регионот Крим е премет на истрага. Во изјава за Би-би-си украинската национална телевизија вели дека го очекува одговорот на државната гранична служба за да ја потврди валидноста на документот.

Тоа значи дека нејзиниот евровизиски настап е ставен на чекање додека не заврши истрагата.

Пробемот во врска со нејзината посета на Крим се случува додека светот гледа дали Русија ќе ја нападне Украина.

„Веќе имаме толку многу проблеми“, вели Алина за BBC Radio 1 Newsbeat. „Пандемијата е еден од нив и сè уште е присутна. Дали ни треба и војна? Дали сте сериозни?“

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија