Полска и Унгарија загубија против механизмот на ЕУ за казнување

Од:

Полска и Унгарија денеска ги загубија тужбите против механизмот на ЕУ кој ги казнува прекршувањата на владеењето на правото во земјите-членки со задржување на средства, соопшти Европскиот суд на правдата.

ЕСП пресуди дека „механизмот е усвоен на соодветна правна основа“ и ги отфрли тужбите поднесени од Полска и Унгарија, стои во соопштението на највисокиот суд на Европската унија.

Новиот механизам на ЕУ за санкционирање има за цел да ги казни прекршувањата на владеењето на правото во земјите кои се членки на Европската унија преку задржување на средствата од ЕУ наменети за земјата – прекршител на правилата.

ЕУ воведе механизам за санкции откако критичарите ги обвинија владите во Будимпешта и Варшава дека ги поткопуваат стандардите на владеењето на правото, како што е независноста на судството.

Двете земји на ЕУ – за кои Брисел вели дека назадуваат во однос на владеењето на правото – го оспорија механизмот пред ЕСП и бараа таканаречениот „механизам на условеност“ да се укине.

Но, во декември советникот на судот, генералниот адвокат, заклучи дека полско-унгарската жалба треба да се отфрли, тврдејќи дека механизмот за условување е компатибилен со договорите на ЕУ. Денешната одлука со која се потврдува ваквиот став, ја отвора вратата за Европската комисија да го скрати нивното финансирање.

Европскиот парламент, кој ги одобрува повеќегодишните буџети на ЕУ, со месеци бара од Комисијата да го стори токму тоа, нагласувајќи дека инструментот за условување е достапен од почетокот на минатата година. Европарламентот дури покрена и сопствена правна постапка, обвинувајќи ја Комисијата за непостапување.

За одлуката ќе се расправа и во Европскиот парламент, каде еврокомесарот за буџет Јоханес Хан ќе ја застапува Еврокомисијата наместо шефицата Урсула фон дер Лајен, која е повеќе фокусирана на воената криза околу Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски