Во тешка сообраќајка загина 39-годишен маж од Прилеп

Од:

Вчера вечер во 18.00 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на магистрален пат Градско-Прилеп се случила сообраќајна несреќа, информира МВР.

Во сообраќајката учествувале товарно возило „волво“ со приклучно возило, со светиниколски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот С.Л. од Свети Николе, патничко возило „голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот Д.К. од Прилеп и патничко возило „бмв“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот Д.Ј. од Битола.

Како што информира Министерството, по несреќата, возачот Д.К. и сопатниците од неговото возило П.К.(38) и малолетник, двајцата од Прилеп, биле пренесени во Општата болница во Кавадарци каде Д.К. починал, додека кај сопатниците биле констатирани тешки телесни повреди.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција. Увид извршила увидна екипа од Полициска станица Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва