Расчистено разбојништво во Скопје, осомничени четири лица

Од:

Вчера, во Полициската станица Аеродром бил извршен службен разговор со четири малолетници од Скопско, и тоа двајца од село Зелениково, еден од село Орешани и еден од село Пакошево, во присуство на нивните родители.

Тие се сомничат дека на 14.2.2022 на булеварот Трета македонска бригада во Скопје физички го нападнале Н. С. (38) од Скопје и му одзеле телефон.

Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот. За случајот бил известен јавен обвинител за малолетници и по негово целосно документирање, против нив ќе биде поднесена пријава по член 236 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он