Шефот на полицијата во Отава поднесе оставка

Од:

Шефот на полицијата во Отава, Питер Слоли, денеска поднесе оставка откако беше критикуван за неактивност за време на протестите на камионџиите, што го парализираа главниот град на Канада.

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска ги активираше овластувањата за итни случаи за да ги смири протестите на возачите на камиони и другите кои го парализираа главниот град Отава и ги блокираа граничните премини поради ограничувањата и вакцинацијата против Ковид-19.

Трудо презеде досега невиден чекор со кој најави замрзнување на личните банкарски сметки на демонстрантите кои се противат на епидемиолошките мерки. Во согласност со новите мерки, банките ќе можат да ги замрзнат личните сметки на секој поврзан со протестите, дури и без судски налог.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто