Литвански трупи ќе спроведат противракетна обука во Украина

Од:

Литвански војници денеска заминаа во Украина за да ги обучуваат локалните сили за употреба на противракетни системи произведени од САД, кои балтичката држава ги обезбеди поради стравувањата од руска инвазија.

– Ние целосно ја поддржувавме, ја поддржуваме и ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина. Оружјето и технологијата не се ништо без знаење и способност за нивно користење, па… ќе го споделиме нашето знаење и искуство, наведе началникот на литванската армија Валдемарас Рупсис во соопштение.

Вилнус и ги испорача во неделата на Украина ракетни системи со краток дострел Стингер, откако Вашингтон го одобри трансферот на американско оружје во Киев во услови на зголемени тензии.

Војниците ќе ги обучуваат своите украински колеги „во следните неколку недели“, соопштија вооружените сили на Литванија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина