Од денес тестирање за Ковид – 19 во Ѓорче Петров, Идадија и Бит – пазар за да се скрати предолгиот период на чекање

Од:

Од денес во Скопје се отворени дополнителни пунктови за тестирање за Ковид – 19. Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски вели дека со дополнителните пунктови ќе го скратат предолгиот период на чекање за тестирање. Од почетокот на последниот бран на коронавирус, граѓаните постојано се жалат дека за тестирање чекаат и по седум дена, колку што трае и изолацијата по добиен позитивен тест.

„Во Скопје од денес се отворени пунктовите во Ѓорче Петров, Идадија и Бит-пазар, активни за закажување и во нив може да се закажуваат термини за тестирање преку матичен лекар. Дополнително планираме отворање пунктови, оние кои беа активни наназад во пандемијата и низ државата. Тоа се пунктови на Центрите за јавно здравје, со цел оној период кој го уочивме како предолг за закажување на тестирање, да го скратиме“, рече претседателот Петличковски.

Во нив ќе се врши и тестирањето за најавениот скрининг за трансмисијата на вирусот во училиштата. За школските деца ќе бидат одвоени посебни термини. Петличковски ги повика учениците и родителите да соработуваат за скрининготт, а Комисијата веќе извести дека за тестирање на учениците ќе биде потребна согласност од родителите.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски