Германија и Австрија бараат намалување на јавниот долг во Европа

Од:

Европските земји треба да го намалат јавниот долг како дел од БДП, изјавија германскиот и австрискиот министер за финансии, сигнализирајќи несогласувања со земјите од ЕУ кои предлагаат подолг период на пофлексибилна европска рамка за фискална политика.

– Нашето цврсто фундаментално верување е дека јавниот долг како дел од БДП во Европа треба повторно да оди надолу, рече германскиот министер за финансии Кристијан Линднер по средбата со австрискиот колега Магнус Брунер.

– Долгот мора да се намали за да се обезбеди и фискална стабилност и да се зачува просторот за маневрирање за мерките на централните банки, додаде Линднер.

Тој ја истакна и важноста од инвестирање во конкурентноста на европските економии и чистата технологија.

Иако ова се однесува на приватниот сектор, „одговорноста е и кај државите“, нагласи германскиот министер за финансии.

Неговиот австриски колега, Магнус Брунер, изрази поддршка за поедноставување и поефикасна имплементација на европските регулативи за долгот, но рече дека Пактот за стабилност и раст веќе обезбедува доволно флексибилност.

Група земји од ЕУ, вклучително и Франција и Шпанија, поттикнаа дебата во Брисел за потенцијална промена на регулативата за долгот, со која се постави плафон на јавниот долг на 60 отсто од БДП.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите