Канада ќе донира оружје и други сегменти за поддршка на украинските вооружени сили, соопшти денеска канадското Министерство за национална одбрана.
„Оваа опрема вклучува митралези, пиштоли, карабини, 1,5 милиони парчиња муниција, снајперски пушки и различна придружна опрема“, се вели во соопштението, а пренесува руската агенција ТАСС.
Канадскиот премиер Џастин Трудо претходно изјави дека официјална Отава одлучила да и обезбеди на Украина оружје во вредност од 7,8 милиони канадски долари (6,1 милион амрикански долари). Според него, одлуката е донесена по консултации со Украина.
Извор: МИА