Фејсбук од денеска во Франција обезбедува услуга на „news feed“ наменета за новинарски содржини која ќе гарантира подобра видливост на медиумите и ќе одговори на обвинувањата за дезинформации кои се изнесуваат против социјалната мрежа.
Услугата првично ќе биде ограничена на мал број француски корисници на Фејсбук.
До мај треба да се прошири на сите корисници во Франција, соопшти Мета, американска компанија која е сопственик на социјалната мрежа.
Франција со ова станува петтата земја во која се отвора Фејсбук Њуз, по САД кон крајот на 2019 година, Велика Британија во јануари 2021 година, Германија во мај и Австралија во август.
Извор: МИА