Стејт департмент: Американците би требало веднаш да ја напуштат Белорусија

Од:

Американските граѓани би требало веднаш да ја напуштат Белорусија поради распоредувањето руски воени сили долж границата на Белорусија со Украина, соопшти американскиот Стејт департмент.

Комерцијалните сателитски снимки објавени од приватна американска компанија пред неколку дена покажуваат распоредување на нови руски сили на неколку локации во близина на Украина, што покажува дека Москва продолжува да собира сили додека дипломатските напори за смирување на кризата продолжуваат.

Компанијата Maxar Technologies со седиште во САД, која со недели го следи распоредувањето на руски сили, информира дека снимките од средата и четвртокот покажуваат значителни нови распоредувања на неколку локации во анектираниот Крим, западна Русија и Белорусија. Снимката не е потврдена од независни извори.

Русија од четвртокот одржува заеднички воени вежби со Белорусија во поранешната советска република, како и поморски вежби во Црното Море.

Овие бројни воени активности ги зголемија стравувањата дека Русија би можела да ја нападне Украина, но Москва ги негира таквите планови.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна