Во центарот на Скопје, кај Спомен куќата на Мајка Тереза, денеска, беше лоциран еден од петте пункта, каде почна скрининг тестирањето по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на КОВИД-19 има населението во земјава, со што ќе се добие појасна слика врз основа на која ќе следат натамошните мерки и препораки на Комисијата за заразни болести.
„Тестирањето се планира да се направи на примерок од илјада испитаници во Скопје, по што ќе продолжи и во поголемите градови низ државата.
Скринингот се реализира во соработка со Институтот за имунологија при Медицински факултет, центрите за јавно здравје и трансфузиолошките служби“, велат од Министерството за здравство.