Јужна Митровица е финалист за награда на европската одржлива мобилност

Од:

Европската комисија денеска ги соопшти 12-те градови финалисти за наградата за европска одржлива мобилност.

Јужна Митровица е единствениот град од Западен Балкан во трката и се натпреварува за категоријата “Планирање одржлива урбана мобилност“, заедно со Мадрид и Тампере. Во категоријата на големи општини со над 100 илјади жители се Амадора, Касел и Лилебургац, а малите општини се Алимос, Миахадас и Валонго. Конечно во категоријата за безбедност на сообраќајот се натпреваруваат Фиренца, Ретимно и Варшава.

Победниците ќе бидат соопштени на 28 март.

Европската комесарка за транспорт, Адина Валеан, им честиташе на финалистите и ги нарече пример за другите европски граѓани за тоа како се подобрува животот на граѓаните преку почист, зелен и едноставен превоз.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ