Г7 ѝ се закани на Русија со тешки санкции доколку ја нападне Украина

Од:

Министрите за финансии од групата седум најразвиени економии на Западот (Г7) денеска ја предупредија Русија дека ќе се соочи со огромни економски последици доколку одлучи да ја нападне Украина.

Во исто време министрите ветија брза и одлучна поддршка за украинската економија.

„Континуираното акумулирање на руската армија на границата со Украина е причина за сериозна загриженост. Ние, министрите за финансии на Г7, ја нагласуваме нашата подготвеност да дејствуваме брзо и решително со цел да ја поддржиме украинската економија“, се вели во заедничката изјава.

Се додава дека секоја понатамошна воена агресија на Русија против Украина ќе наиде на брз, координиран и силен одговор.

„Подготвени сме колективно да воведеме економски и финансиски санкции, кои ќе имаат огромни и директни последици за руската економија“, се заклучува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Зеленски ја обвинува Русија дека систематски регрутира кинески борци за војната во Украина

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина