Во Хрватска денеска почнува самотестирањето на учениците пред да тргнат на училиште, а со тоа и прекин на самоизолацијата.
Повеќето училишта веќе дистрибуираа два комплети тестови на учениците или родителите во петокот, а ХЗЈЗ објави видео-упатство за тоа како да се прави само-тестирање. Самотестирањето со брзи антигенски тестови е доброволно и бесплатно и ќе се врши еднаш неделно во редовни интервали и важно е интервалот помеѓу две тестирања да биде еднаков.
Како што препорачува Министерството, учениците треба да се тестираат во понеделник пред настава (или недела пред спиење), или некој друг ден од неделата определен од училиштето.
Учениците кои не сакаат да се тестираат, доколку има вирус во нивното одделение, часовите ќе ги следат онлајн.