Десетмина обвинети за пустошење шуми во гостиварско

Од:

Против вкупно 10 лица Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог за продолжени кривични дела – Пустошење шума, Кражба и Измама.

Како што информира Обвинителството, во временскиот период од 2017 и 2018 година, во повеќе наврати, обвинетите како соизвршители, исекле поголемо количество дрва од туѓа шума во атарот на селото Падалиште. На тој начин тие ја опустошиле шумата, бесправно сечејќи вкупно 254 букови стебла. Буковите дрва за огрев ги складирале во своите дворови, од каде ги транспортирале до купувачи на подрачјето на Општина Гостивар и ги продавале. Со ова на оштетеното правно лице ЈП Македонски шуми обвинетите му нанеле проценета материјална штета од 724.500 денари.

Еден од обвинетите сторил и кривично дело – Измама, така што на 21.09.2018 година од претходно противправно исечените огревни дрва му продал на еден гостиварец, доведувајќи го во заблуда дека дрвната маса потекнува од легална сеча. За дрвата оштетениот платил 14.700 денари. По откривањето на нелегачната сеча, полициски службеници ги одзеле дрвата со потврда за привремено одземени предмети, се додава во соопштението на Обвинителството.​​

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски