На пратениците на Радата им е забрането да ја напуштат Украина

Од:

Пратеникот во украинската Рада од партијата „Опозициска платформа – за живот“, Вадим Рабинович изјави дека на украинските парламентарци им е забрането да ја напуштат земјата.

– На пратениците во Врховната Рада им е забрането да ја напуштат Украина, напиша Рабинович на Фејсбук.

Претходно, Александар Качура, пратеник на партијата Слуга на народот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека на членовите на неговата партија во Радата им било препорачано да не ја напуштаат земјата.

Односите меѓу Русија и Западот поради Украина се најзатегнати од Студената војна.

Западот тврди дека Русија може да ја „нападне“ Украина во секој момент, додека Москва ги отфрла тие обвинувања и нагласува дека ги брани сопствените безбедносни интереси бидејќи НАТО се приближил до нејзините граници.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот