Русија има можност многу брзо да преземе акција

Од:

Британскиот министер за Северна Ирска Брендон Луис ги коментираше утринава изјавите на неговиот колега министер за одбрана Бен Валас, кој рече дека „во некои западни земји мирисот на Минхен се чувствува во воздухот“.

Валас алудираше на договорот од 1938 година со кој на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер му беше дозволено да ја анектира Австрија, но сепак со тоа не беше спречена војната.

„Валас направи споредба со дипломатските напори пред Втората светска војна и дипломатските напори што сите ги вложуваме во овие моменти“, рече Луис. „Во пресрет на Втората светска војна се работеше многу на дипломатијата. Многумина мислеа дека се постигнува напредок, но испадна сосема поинаку.

„Луис истакна дека сите мора да бидат свесни дека Русија „има можност да преземе акција многу, многу брзо“.

Би можело да ве интересира

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции против Русија

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски