На протест во Белград повторено барањето за забрана на експлоатација на литиум и бор

Од:

Група еколошки организации денеска одржуваат уште еден протест во Белград, на кој од властите во Србија е побарано да воведат мораториум за експлоатација на рудите литиум и бор, јави дописникот на МИА од Белград.

Организатори на протестот се иницијативата „Тргни – промени“ и „Здружението на еколошките организации на Србија“. Демонстрантите носеа транспарент „Србија не е на продажба“, што го поставија пред зградата на Претседателството на Србија.

Еколошките активисти и дел од граѓаните кои живеат во околината на Лозница, западна Србија, каде е рудното наоѓалиште за литиум и бор – Јадар, ноќеваат во шатори во паркот во Белград, пред влезот на зградата во кое е седиштето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Тие бараат од Владата да предложи закон за забрана на ископување литиум и Парламентот да го донесе пред 15 февруари. За тој ден е закажано распуштањето на српскиот Парламент поради претстојните избори, најавени за 3 април.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ претходно изјави дека поради краткиот рок не е можно да се донесе закон, со кој би се забранило истражување и експлоатација и преработка на литиум и бор во Србија.

Српската Влада на 20 јануари ја стопираше изградбата на рудникот за литиум, со поништување на. Тоа беше и едно од барањата на низата еколошки протести.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

(ФОТО) Тргнаа 11 автобуси од Македонија: Поддршка за Србија

А1он