Паркот на бранителите со меморијална фонтана изграден во чест на загинатите од конфликтот во 2001 година кој се наоѓа во Драчево, од вчера е отворен за граѓаните.
Со достоинствено чествување во организација на Општина Кисела Вода, вчеравечер се оддаде почит на шестте бранители од општината, кои загинаа во конфликтот од 2001 година. Паркот го пуштија во употреба, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ и поранешниот градоначалник на општината, Марјан Ѓорчев во чиј мандат започна изградбата.
Градоначалникот на Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, порача дека во моментите на длабока тага се сеќаваме на нашите херои.
– Благодарноста кон нивното дело секогаш ќе биде премала во споредба со нивната саможртва втемелена во идината на својата татковина” – потенцираше Беличанец – Алексиќ.