САД соопштија дека испраќаат уште 3.000 војници во Полска за да ги обезбедат сојузниците во НАТО поради зголемените стравувања од руска инвазија на Украина.
Тие 3.000 војници, стационирани во Форт Брег во Северна Каролина, веќе беа во подготвеност кон крајот на јануари на барање на американскиот претседател Џо Бајден. Тие сега ќе ја напуштат базата во наредните денови и се очекува да пристигнат во Полска на почетокот на следната недела, изјави висок претставник на американската одбрана.
Извор: МИА