Финска денеска потпиша договор за купување на десетици борбени авиони Ф-35 од САД, во време на зголемени тензии меѓу Западот и Русија во Европа.
Финска потпиша договор со САД во вредност од 9,4 милијарди долари, за купување на 64 авиони „Локид Мартин Ф-35“ кои се „невидливи“ за радарите, а испораките ќе се реализираат во периодот 2026-2030 година.
Финската Влада соопшти дека одлуката за купување американски авиони, донесена во декември, е дел од долгорочните планови за зајакнување на одбраната на земјата, а не одговор на сегашната конфронтација меѓу Западот и Русија околу Украина.
Извор МИА